Unlimited AE and Premiere Pro templates, videos & more! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Photo & Video
  2. Black and White
Photography

5 Инспиративни црно-бели слики и како да направите своја

by
Length:MediumLanguages:
This post is part of a series called You Can Do This!.
5 Inspirational Long Exposures and How to Make Your Own
5 Inspirational Flower Macro Images and How to Make Your Own

Macedonian (Македонски јазик) translation by Zorica Balova (you can also view the original English article)

Помина врмето кога црно-белите фотографии се споредуваа со стари фотографии.  Многу фотографи кои работат со помош на компјутер избираат да работат монохроматски со цел за подобар ефект, но зошто?

Постојат многу причини за фотографирање на црно-бела фотографија,или пак пост-обработување на оригинал фотографија во црно-бела, но тоа може лесно да се злоупотреби и фотографијата да не се претстави во најдобро светло. Oвде ќе погледнеме неколку корисни начини за користење на црната и белата боја како и неколку одлични примери кои можат да ве инспирираат.

Сè што ви е потребно 

Комплет алатки 

Во однос на комплетот алатки, потребно е да ја селектирате дигиталната црно-бела фотографија, на истиот начин како што селектирате било што друго.  Нема потреба од ништо посебно за фотографирање на црно-бела фотографија, но постојат неколку мали работи кои можат да помогнат. 

Филтри за неутрална густина

Филтрите за неутрална густина поминуваат над леќата со цел да ја блокираат светлината. Степенот до кој тие го прават ова зависи од "запирањето" на стаклото. На пример, 10 ND филтерот е еквивалент на блокирање на 10 запирања на светлина или намалување на светлината за 1000x. Ова ви овозможува да го држите капакот отворен подолго време (со триногалка) со цел да создадете воодушевувачко небо или вода. 

Овие филтри се исто така достапни и во градирани верзии, што значи дека можете да одберете да ја блокирате светлината од одреден дел од сликата; само на небото на пример.

Поларизирачки филтер

Поларизирачкиот филтер ја намалува одредената бранова должина, или збирот од бранови должини, од вашата слика. Овие филтри можат да го намалат одразот на светлината и да направат одередни бои да се појават како позаситени.  Поларизирачките филтри се особено корисни за црно-белата фотографија, бидејќи можете да создадете поголем контраст без губење на детали при доловување на поентата на сликата. 

Соодветен предмет

Покрај сите потребни работи за една добра фотографија, особено потребен ви е предмет врз кој ќе лежи фокусот на вашата слика.  Не изгледа сè одлично во монохроматски бои, но добрата работа при сликање на дигитален начин е тоа што добивате шанса да одлучите подоцна дали вашата слика ќе биде монохроматска или не. Сепак, треба однапред да размислите за она што ќе го сликате.

Кога ќе размислувате за предметот што ќе го сликате, исто така треба да размислите и за позадината. На пример, напуштена зграда може да изгледа одлично наспроти отворено небо или поле, но не толку добро во средината на градот и неговиот неред.

Црно-белото навистина ја истакнува структурата и формата, па едно нешто може би изгледало подобро кога би ја изгубило бојата.

Инспирација

Град

city
Слика: Photodune

Понекогаш се воодушевувам од живописните бои на еден град во текот на ноќта што никогаш не сум ни помислил на фактот дека можеби би изгледал неверојатно во монохроматски бои.  Пригушените тонови на оваа слика го прават градот толку елегантен и едноставен. 

Апстракт

abstract
Слика: Photodune

Апстрактите и архитектонските елементи често изгледаат одлично во црно- бело, овозможувајќи ви да се фокусирате повеќе на структурата, формата и симетријата.

Рамна светлина

flat light
Слика: Photodune

Рамната светлина не е секогаш лош избор. Во случаите како што е сликата погоре, рамната светлина всушност може да ја подобри вашата слика. Помеки нагласености и тонови помагаат да се истакнат сенките, создавајќи интересни линии од дрвјата.

Портрет

portrait
Слика: Photodune

Мекиот сјај на сивата боја навистина го истакнува предметот на оваа слика. Центарот на внимание претставува сивата боја наместо самиот градот, но зградите обезбедуваат одлична рамка и не го одвлекуваат вниманието поради нивниот недостаток на боја.

Дожд

rain
Слика: Photodune

Иако сум цврсто убеден дека оваа слика би била добра и во боја, нема сомнеж дека драмата на оваа слика е зголемена со изборот за нејзин приказ во црно-бело. Бидејќи е јасно дека има бура (гледаме дожд, сиво небо и знамиња кои се нишаат), тогаш изборот на боја (или недостигот во овој случај) навистина не кочи во тоа како ние треба да ја толкуваме оваа слика.

Техника

Боја

Не можеме да зборуваме за монохроматски бои без да ги земеме предвид и останатите бои. Температурата на една слика, она што луѓето го носат и боите во позадина, тоа се може да биде составен дел од тоа како ние ја гледаме сликата. Отстранете ја бојата, отстранете го одвлекувањето.

Ова ќе го посочи фокусот кон други точки; дали сите елементи сега работат во склоп? Дали има доволна одредба помеѓу предницата и позадината?

Комуницирајте

Ако сакате да направите одлични црно-бели слики тогаш веројатно имате причина за тоа. Што е всушност? Што сакате да и пренесете на вашата публика?

Помеки тонови во црно-бело, или фотографии со сива боја можат да доловат љубов, мистерија, романтизам! Потсетете се на старите црно-бели филмови: само терминот "стари црно-бели" филмови предизвикува чувство на носталгија. Истото може да се случи и со вашите фотографии.

Контраст

Кога размислуваме за црно-бело,ние всушност размислуваме за драма, за многу контраст и длабоки тонови. Тоа е речиси спротивно од она што го размислуваме кога станува збор за фотографија во боја. Кога последен пат сте се обиделе да направите пејзаж на бои, кој би содржел што е можно повеќе контраст?

Нашите очи се привлечени кон контрастот; разликите помеѓу светлината и темните делови на сликата. Зголемувањето на разлики придонесува за поголем контраст, а намалувањето за помал.

На една слика не и е секогаш потребен овој "поп", тоа целосно зависи од пораката што сакате да ја пренесете со истата. Пејзажот може да има повеќе драма и "ooh" фактор со темни сенки и истакнати светла, но што е со портретот? Сликите немора секогаш да бидат ударни. Изгледот на сликата како и нејзиното толкување често може да се сведе на светлината. Не ви се потребни бели облаци и светло сонце за да добиете одлична црно-бела фотографија. Размислете за досаден, маглив ден со рамно светло, како еден од нашите примери погоре. Дали тоа би испаднало добро и полно со драма?

Композиција

Негативниот простор полесно ќе се прикажи кога ќе се отстрани бојата. Помислете на досадно, празно небо во боја. Може да биде сино, може да биде досадно сиво, но сепак нема да биде многу интересно за гледачот. Сега размислете за истото небо во црно и бело: одеднаш тоа е одличен "негативен" простор и може да помогне да го направите вашиот предмет навистина издвоен во споредба.

Водечките линии и структури, исто така, би изгледале добро кога ќе ја отфрлите компликацијата на бојата. Нешто што е "грдо" за да го видите во боја, може да стане интересна студија во облик или структура кога е црно-бело. Размислете за црна мувла на бел ѕид од плочки или валкани локви на светол тротоар.

Фотографирајте во RAW

RAW датотеките ви нудат многу поголем простор кога станува збор за пост-обработка. Тие ги задржуваат сите податоци од вашиот сензор без компресирање или губење на какви било информации. Потребен ви е параметарски уредувач на слики како Adobe Camera RAW или Lightroom за да ги зачувате овие податоци, но тоа значи дека можете да направите многу покомплексни промени без да губите квалитет, отколку што можете додека снимате во JPEG.

Пост-обработка

Веќе го споменав фотографирањето во RAW и направив некои уредувања таму, но постојат алтернативи при обработката. Омилен ми е Silver Efex Pro 2, дел од колекцијата Ник, претходно платена за софтвер кој сега е слободен за користење.

Овој софтвер има голем број црно-бели прилагодувања кои се неверојатно брзи и лесни за користење. Можете да изберете пред-множества и да ги оставите "како што се", или можете да ги подесите секој од нив за да добиете вистински изглед.

Потенцијални проблеми

Детал, или бучава прикажува многу повеќе во црно-бели слики. Сепак, ова не претставува некаков вид на проблем! Некои монохроматски слики изгледаат одлично со малку текстура и  тоа може да го подобри нивниот изглед а со тоа тие да го подобрат расположението кое се обидувате да го пренесете.

Претераното уредување може да претставува проблем. Премногу прилагодувања може да ја направат сликата да изгледа како пренатрупана и затоа знаењето кога да се престанете со прилагодување претставува вистинска вештина. Работејќи на неразрушувачки слоеви и зачувувањето на вашиот напредок како датотека за уредување како што е на пример PSD во Photoshop значи дека ако направите грешка или сте ја испечатиле сликата и таа не изгледа добро, можете да се вратите назад и да работите на вашата слика без да почнувате повторно од нула.

Топ совети за добивање монохроматски слики

  1. Пробајте филтри за да додадете драма во небото и водата или пак за да го намалите оздразот на светлината.
  2. Не се потпирајте на пост-обработка за да направите одлична слика: имајте го на ум она што сакате да го постигнете од самиот почеток.
  3. Снимајте во RAW за да зачувате што е можно повеќе слики.
  4. Имајте ги на ум клучните елементи како светлината, контрастот и негативниот простор.
  5. Обидете се со бесплатен ресурс како Silver Efex Pro, за да добиете вистински фотографии.

Дополнителни ресурси

  • Како да го користите балансот на бои за напредна конверзија во црна и бела боја во Adobe Lightroom: Прилагодувањето на балансот на белата боја на дигитална слика е неверојатно моќен начин да се контролира како Adobe Photoshop Lightroom ги толкува боите во вашата слика кога ќе ја претворите во црно-бело.
  • Црно-бело забава со Macphun тоналност: Научете како да креирате забавен и експресивен работен процес на пост-обработка со црно-бела боја со некои сериозно добри пред-множества.
  • Соларизирано како Зајн: Дигиталниот ефект на сабација за надреални црно-бели портрети:Пробајте го ефектот на соларизација што се користеше во Pillowtalk, најновото музичко видео од Zayn.

Заклучок

Мислам дека повеќето од нас уживаат во убави монохроматски слики. Го гледаме светот во боја и тоа што ни го презентира на поинаков и апстрактен начин може да предизвика вистинска интрига.

Без разлика дали тоа е со висок контраст и драма, или нешто посуптилно во меки сиви тонови, нема сомнеж дека црно-белото, кога се користи добро, може да има големо влијание и ефект. Не заборавајте да пробате да го фотографирате тоа што навистина го сакате додека фотографирате. Ние имаме голема корист од дигиталноста. Таа сепак им помага на другите аспекти на вашата слика, како што е композицијата, да имате цел на ум пред да стигнете до фазата на обработка на сликата.

Доколку не сте сигурни дали нешто ќе изгледа добро во црно-бело, тогаш пробајте да ја погледнете сцената објективно. Дали сцената е "зафатена"? Дали има многу бои и дали тие работат добро во склоп или пак не се усогласуваат меѓусебе? Ако боите се одвраќаат или ги има премногу ,тогаш подобро би било да се претворат во монохроматски.

Обидете се со фотографски филтри за да ги намалите одблесоците и да овозможите подолги брзини на блендата, што пак може да создаде драма при движење. Фотографирајте во RAW за да можете да продолжите понатаму со вашите прилагодувања и при пост-обработка, обидете се да не одите "предалеку". Имајте ја предвид вашата оригинална идеја за сликата и зачувајте ја својата работа како датотека што може да се уредува за да ви даде шанса подоцна да го смените својот став без да мора да почнете со работа.

Конечно, размислете за користење на софтвер за да го олесни вашиот живот. Слободата за користење програми може да ви даде премногу или малку контрола и на крај да ви овозможи да дојдете до навистина спектакуларни резултати.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.