Unlimited AE and Premiere Pro templates, videos & more! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Photo & Video
  2. Color
Photography

Фотографија во боја наспроти црно-бела: Како палетата влијае врз она што го гледаме и чувствуваме

by
Length:MediumLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Една од најфундаменталните одлуки што треба да ги направите кога фотографирате е дали да прикажете субјект во боја или црно-бел. Во старите денови на филмската фотографија, таа одлука со предвидливост мораше да се направи однапред. Сега, благодарение на дигиталната технологија, можеме да одлучиме по фактот, во пост-продукција.

Инстинктот може да ни каже која палета ја претпочитаме кога споредуваме верзии на исти слики во боја и црно-бели, но ако не разбереме што ги поткрепува тие инстинкти, не сфативме целосно како да комуницираме со нив.

Во ова упатство, ќе разговараме за обележјата на секоја палета и како тие можат да помогнат да ја разјаснат или да ја остават нејасна пораката на сликата.

Црно-бела фотографија

Има редуктивна едноставност

Постои причина зошто толку многу студенти учат да фотографираат (и цртаат, за тоа прашање) прво во црно-бело: монохроматска палета е поедноставна, со помалку елементи.

  • Црно-белите фотографии содржат само светли тонови, сенки и нијанси на сива боја. Спротивно на тоа, секоја друга нијанса во фотографија во боја додава елемент на сликата, што може да ги одвлече гледачите од субјектот.  Со намалување на елементите на сликата со црно-бела боја, има помалку за фотографите и гледачите кои се соочуваат со неа.
  • Во црно-бела слика, составот може да се види полесно бидејќи структурата и просторните односи имаат предност. Силуетата, на пример, може да биде особено моќна во црно-бела слика ако е јасно одвоена од другите форми во композицијата.
  • Слично на тоа, формите, линиите, текстурите и контрастот во црно-белата слика се истакнати. Како резултат на тоа, за разлика од сликата во боја, црно-белата е поверојатно да се создаде апстрактна визуелност.
  • Колку е поцелосен тонскиот опсег, толку подинамична е сликата. Црно-белите фотографии со длабока црна, чиста бела, и многу различни сиви меѓу нив може да ги привлечат очите на гледачите.
"Црна и бела се боите на фотографијата. За мене тие симболизираат алтернативи на надеж и очај на кој човештвото е засекогаш подложено. "- Роберт Франк

Нуди техничка слобода

Бидејќи монохроматската фотографија содржи толку малку елементи - само црна, бела и нијанси на сива боја - може да биде манипулирана за да ги надмине техничките проблеми полесно и да има поголем ефект од фотографијата во боја.

  • Црно-белите фотографии можат до крајност да бидат прилагодени за да се надминат проблемите со изложеноста.
  • Потребата за справување со разликите во температурата на бојата е искоренета во црно-белите фотографии. Изработка на слика која содржи и природна и вештачка светлина не е проблем каков што би бил доколку е во боја.
  • Дигиталниот шум кој се создава со фотографирање со висок ISO има тенденција да биде помалку видлив во црно-бела фотографија.
  • Заматеноста и зрнцата се попријатни за окото во црно-бела слика. На сликата во боја тие можат да и дадат прекрасна душевност, секако, но, можеби затоа што прво биле измислени црно-белите, овие два елементи се почести кај монохроматски слики и затоа е поверојатно дека ќе бидат прифатени и уживани.

"Во црно-белите сугерирате, во обоените изјавувате. Многу може да се претпостави со сугестија, но изјавата бара сигурност. "- Паул Отербриџ

Обезбедува посебна естетика

Конечно, црно-белата палета обезбедува посебна естетска. Прикажуа познати предмети на невообичаен начин.

  • Гледаме во боја, па монохроматските слики го прават светот да изгледа и да го чувствуваме различно од оној во кој живееме. Прикажувањето на светот одново им овозможува на гледачите да се дистанцираат од реалноста, искуство кое може да се искористи за одличен ефект.
  • Црно-белите слики честопати имаат безвременски, романтичен, носталгичен изглед. Бидејќи црно-белите биле измислени пред оние во боја, ние ги поврзуваме монохроматските слики со минатото, дури и кога тие прикажуваат тековен настан. Како резултат на тоа, субјектите кои го имаат истиот безвременски, романтичен или носталгичен изглед имаат тенденција да работат добро кога се фотографираат во црно-бело.
  • Контрастот помеѓу светлите бои и сенките на црно-бела фотографија може да додаде драма. Зголемувањето на контрастот и користењето на вињети може да биде моќен начин за привлекување на гледачи.
  • Монохроматските слики понекогаш се сметаат за посериозни, внимателни или уметнички отколку палетата на боите. До 70-тите години фотографијата во боја се сметаше за "уметност" во САД (благодарение на Вилијам Еглстон, Стивен Шор, Саул Леитер и други), а некои од тие здруженија се уште постојат,без разлика дали сме свесни за тоа или не.
  • Црно-белите фотографии имаат некаква автентичност, кредибилитет или објективност. Прикажувајќи сцена, со користење на само црно-бели нијанси, може да го отсечат субјективитетот на  бојата што навлегува. Тоа нè потсетува на епски слики од минатото, како оние објавени во списанието Life и направени од фоторепортерите на Управата за безбедност на фарми (УБФ) за време на Големата депресија, кои користеа црно-бели слики за важните прашања да ги истакнат во преден план.

"Црно-белото е апстрактно; бојата не е. Гледајќи во црно-бела фотографија, веќе гледате во еден чуден свет. "- Џоел Стернфелд

Која палета најдобро функционира? На крајот, одлучив црно-белата. Ми се допадна како таа го привлече вниманието на линиите, аглите и формите во сликата, што ја прави поапстрактна. Наместо очите на гледачите да одат директно во живописните бои на костимот за капење на мојот субјект, како што и прават во обоената верзија, тие се привлечени кон други детали, како што се органскиот квалитет на бранувањата во водата, што според мене е поубаво и поблиску до поентата на сликата.  Фотографија на Ејми Тукет.

Фотографија во боја

Додава комплексност

Во остар контраст, хроматската фотографија го прикажува светот во сета своја шарена слава. Тоа е контроверзно и никој не знае со сигурност, но повеќето истражувања велат дека човечкото око може да открие некаде помеѓу 1 милион и 10 милиони различни бои. Затоа, воведувањето на елементот боја на фотографијата значително ги менува реакциите на гледачите кон неа.

  • Бојата игра голема улога во приказната што ја раскажува фотографијата. Значи, ако бојата на некој начин го одвлекува вниманието од главната точка или субјектот на сликата, сликата ја изгубила моќта. Идеално, главниот субјект е во истакната нијанса, додека небитните елементи се во помалку доминантна нијанса.
  • Комплексноста предизвикана од  бојата, треба да се реши на некој начин. За да направите слика која е соединета, сите бои треба да воспостават некаков однос меѓу себе.
  • Еден начин да се постигне хармонија во бојата е да се фотографираат комплементарни бои. Во традиционалниот модел на бои на црвено, жолто и сино, комплементарните бои се спротивни едни на други во спектарот за боја: црвена и зелена, жолта и виолетова, и сина и портокалова. Нивното спојување може да создаде многу задоволувачко визуелно искуство.

“Мала, валкана тајна е што јас сум прилично самосвесен за обојување на мојата работа. Јас само гледам толку многу луѓе кои ја сакаат бојата повеќе од мене што се преплашувам секогаш кога ќе отворам Photoshop. Црно и бело? Јас точно знам што да правам, но бојата нуди милион решенија за проблемите што дури не знам дека постојат”-Дуг Тенепал, графички романсиер, илустратор, дизајнер на видео игри, аниматор и писател.

Обезбедува опис

Очигледно е дека сликите во боја имаат многу подинамичен спектар на бои, тонови и нијанси од црно-белите слики. Затоа, фотографиите во боја имаат тенденција да обезбедат побогат и подлабок опис на една сцена.

  • Боите на фотографијата можат да алудираат на одредено време од денот и одредено време од годината. Сината нијанса може да означи дека е доцна во текот на денот; изобилството на црвени и портокалови лисја можат да ја означат есента.
  • Фотографиите во боја може да покажат важен аспект на субјектот. На пример, во Куба и во Перу, бојата е голем дел од културата на нацијата. Фотографирањето во боја овозможува да се издвојат клучните детали.
  • Бојата може да ја нагласи ерата во која била направена фотографијата. Филмови произведени во минатото често имаат многу посебен изглед. На пример, филмот Kodachrome, кој беше многу популарен во 1960-тите и 70-тите години, но беше прекинат во 2009 година, имаше таква сатурација на бојата за чијашто загуба фотографите се уште жалат. 
"Човечкиот мозок работи како бинарен компјутер и може само да ги анализира точните информациско-базирани нули и единици (или црно и бело). Нашето срце е повеќе како хемиски компјутер кој користи нејасни логики за да ги анализира информациите кои не можат лесно да се дефинираат со нули и единици ". -Навтен Џаин, претприемач и филантроп

Предизвикува емоција

Кога се соочуваме со боја, имаме емоционална реакција на тоа врз основа на нашите асоцијации со неа.

  • Фотографиите во боја, за нас се пореални од црно-белите фотографии, бидејќи гледаме во боја. Како резултат на тоа, фотографиите во боја имаат тенденција да ги привлечат гледачите во емоции од секојдневната реалност.
  • Бојата може да помогне да се опише расположението на сликата. На пример, сликите што содржат жолти тонови може да предизвикаат возбудливо или игриво расположение, додека сините тонови може да направат да се чувствува меланхолија и пригушеност на сликата. 
  • Боите се повеќеслојни. Иако сината може да биде депресивна, таа исто така може да има многу смирувачки ефект, и иако жолтата може да биде весела, таа исто така може да биде многу вознемирувачка боја.
  • Бојата има мистериозна моќ која предизвикува лични и психолошки реакции. Истражувањата покажаа дека е многу полесно да се разбере како формите влијаат врз гледачите отколку да се генерализира ефектот на бојата.  Кога сме соочени со боја, може да имаме многу силен висцерален одговор за кој и не сме свесни.
„Прво фотографирав во црно и бело. Но, по кратко време, почнав да гледам ново значење што бараше свест за бојата. Фотографирање во боја не беше нова работа за мене – повеќето од мојата работа и сите мои филмови беа направени во боја. Но бојата во метрото беше поинаква. Видов дека трепкачката светлина што се одбиваше од челичната површина на изобличените автомобили во метрото создаваше ново разбирање за бојата. Имав видено фотографии од риби што живеат во длабокото море, илјадници метри под површината, светејќи во тотална темнина веднаш штом ќе се додадеше светлина. Луѓето во метрото, нивната кожа се составаше со графитите, пробивниот ефект на самата трепкачка светлина, дури и плитката темнина на тунелите, инспирираа естетика што поминуваше незабележана од патниците заробени под земјата, што се криеја позади маски, затворени еден за друг."- Брус Дејвидсон, зборувајќи за неговата книга, „Метро "

Заклучок

На крајот, изборот за тоа дали да фотографирате субјект во боја или во црно-бело е личен: зависи од тоа што сакаме да го пренесеме на гледачите и каде сакаме нивниот фокус да биде насочен. Секоја палета има јаки и слаби страни кои можат да се експлоатираат со голем успех. Но, за да ја издвоиме нашата единствена визија, од суштинско значење е да разбереме како хроматските и монохроматските палети влијаат на она што го гледаме и го чувствуваме.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.