Unlimited WordPress themes, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Photo & Video
  2. Portrait
Photography

Како да фотографирате луѓе како професионалец

by
Length:ShortLanguages:
This post is part of a series called Portraits.
15 Ways to Pump Up Your Portraits

Macedonian (Македонски јазик) translation by Zorica Balova (you can also view the original English article)

Дали некогаш сте се почувствувале исплашени од помислата да фотографирате други луѓе? Верувале или не, откако ќе ги надминете вашите првични  стравови, луѓето преминуваат во едни од најлесните предмети за фотографирање. Kоја е причината за тоа? Па, замислете дека фотографирате пејзажи. Повеќето од нас не живеат во околина со спектакуларен пејзаж, што значи дека треба да возиме некаде со цел да ја фотографираме нашата пејзажна фотографија. Кога ќе пристигенеме на местото каде што има добар пејзаж, ако времето и светлината не се доволно добри, нема многу што може да се направи .

Фотографирањето луѓе, сепак, ви дава целосна контрола. Сите елементи на добрата фотографија се во ваши раце. Опкружени сте со потенцијални теми: пријатели, роднини, па дури и странци, ако имате храброст да прашате дали може да ги фотографирате. Секој потенцијална тема е уникатна. Ако светлината не е добра, можете да направите нешто во врска со тоа, како на пример да преминете на друга локација или да користите блиц. Можете да го замолите човекот кој го сликате да носи поинаква облека или пак да направите нешто малку лудо - единствената граница е вашата фантазија.

Фантазијата е всушност она клучното кое ви е потребно за фотографирање на одлични фотографии од луѓе . Забавувајте се, и ако не знаете многу за поставките на фотоапаратот, само ставете ја камерата во автоматски режим (повеќето фотоапарати имаат автоматски режим на портрет што можете да го користите) и сконцентрирајте се на правење прекрасни фотографии. Одпосле можете да ги научите техничките детали.

Еден од најдобрите начини за подобрување на вашата фотографија е учењето од професионалци. Еве неколку совети кои ќе ве натераат да размислувате како професионалец, и на правилен начин на размислување да направите неверојатни портрети.

1.Градење на однос со личноста која ја фотографирате

Ова е најважната вештина од сите! Совладајте го ова, и ќе бидете на вистинскиот пат за да станете експерт во фогорафирањето. Добар совет, особено ако сте почетник, е да фотографирате некого што го знаете, кој сака да експериментира пред камера. Вашата работа како фотограф е да ги натерате луѓето да се релаксираат и да се забавуваат. Ако успеете да го направите ова, ќе следат добри фотографии.

shoot with family
Фотографирајте го вашето семејство и пријатели. Односот што го имате изградено со нив ќе ви помогне да направите одлични фотографии. Image via Unsplash.

Ако веќе барате модел девојките или момчињата се одлична идеја за почеток.

2. Изберете го правиот објектив

Фокусното растојание на објективот е многу важно. Треба да ја разберете природата на вашиот објектив и да научите како да го користите за ваша корист. Добрата вест е дека ако имате дигитален фотоапарат со стандарден зум (обично околу опсегот на фокусна должина од 18-55mm), тогаш веќе имате одлична алатка за фотографирање на луѓе. Поставете го на 55mm и започнете од таму. Наместо да зумирате и одзумирате, користете ги стапалата и менувајте ја вашата позиција. Ќе ги научите и карактеристиките на фокусната должина што ја користите.

Ако сакате нешто уште подобро, Canon и Nikon прават евтини 50mm f / 1.8 што е совршено за портрети; пошироката решетка повеќе ја замаглува позадината.

wide portrait
Дури и широкоаголните објективи можат да направат одлични портрети. Image via Unsplash.

Не гo игнорирајте широкоаголниот крај на вашиот комплет од  леќи. На документарните фотографи и фоторепортери им се допаѓаат широкоаголните објективи, бидејќи тие можат да се поврзат со нивниот предмет. Фотографиите се интимни, бидејќи фотографот е многу близу до личноста која ја фотографира. Широките агли се исто така одличен начин за прикажување на вашиот предмет во неговата околина. Тоа е само поинаков стил на портрет.

Пазете се од преголемо доближување до лицето на личноста со широкоаголен објектив. Тоа ќе ги уништи цртите на нивното лице и нема да добиете никаква благодарност!

3. Експериментирајте со различна светлина

Најдоброто светло за портретите не може да биде секогаш кога вие сакате. Облачното небо и попладневното сонце се добри за добивање на одлична светлина. Директното сонце е лошо - фрла сурови сенки на лицата и ги тера луѓето да мижуркаат. Позадинското осветлување е многу возбудливо, иако мора да внимавате на одблесокот и ќе ви треба рефлектор или блиц за да го осветите лицето на вашиот субјект. Светлината која доаѓа од прозорците е многу добра за фотографирање во затворени простории, но повторно ќе ви треба рефлектор за да се врати светлото на засенчената страна на лицето на личноста која ја фотографирате.

different light
Пробајте различни извори на светлина за да дознаете што всушност сакате. Image via Unsplash.

Што е рефлектор? Тоа е нешто што ја рефлектира светлината назад кон вашиот предмет, така што сенките фрлени од светлината не се толку силни. Можете да купите наменети рефлектори од производители како што се Lastolite, или можете да направите свој од големо парче бела картичка или бел лист. На фотографите им требаат рефлектори, бидејќи достапната светлина ретко е совршена. Рефлекторите ви овозможуваат да ја контролирате светлината.

4. Научете како да ги користите подесувањата на вашиот апарат

За да направите одлични фотографии, треба да имате целосна контрола врз вашиот фотоапарат. Немојте само да го оставите во автоматски режим. Дознајте како брзината на блендата, решетката и ISO ќе влијаат на вашите слики.

Кога нареден пат ќе фотографирате портрети, обидете се да го користите режимот за приоритет на решетка со отворот поставен на најширока можна вредност. Тоа ќе ви даде убаво заматена позадина. Ако е сончев ден, обидете се со ISO 100. Ако е облачно, обидете се со ISO 400. Брзината на блендата ќе се погрижи за самата себе.

learn camera
Научете како да го користите вашиот фото апарат правилно за да можете да направите фотографии како овие. Image via Unsplash.

Секогаш треба да сликате RAW слики. Тие ви нудат најмногу опции во пост-обработката на фотографијата.

5. Избегнувајте ја "Позата"

Повеќе за позирање можете да научете од проучување на фотографирањето и од модни списанија. Но, немојте премногу да се занесувате со позирањето- ќе добиете подобри резултати доколку ја поттикнувате личноста која ја фотографирате да експериментира пред камерата. Натерајте ги да се забавуваат и да бидат спонтани. Фотографиите кои ќе ги добиете ќе бидат полни со живот.

posing
Дури и традиционалните пози можат да успеат. Image via Unsplash.

6.Експериментирајте со движење

Бидете креативни. Побарајте од личноста да стои во место додека другите луѓе наоколу се движат. Поставете ја вашата камера на триногалка за да добиете подобри резултати.

different portaits
Немојте да ја сликате истата слика одново и одново. Експериментирајте со движење или користите различни елементи како прозорци. Image via Unsplash.

7.Снабдете се со формулар за исплатување на модел

Ако планирате да ги продавате вашите фотографии, снабдете се со потпишување на формулар за исплатување на модел. Со потпишување на формуларот за исплатување, моделот ви дозволуа да ја продавате фотографијата. Како општо упатство, на фотографија објавена на веб-страница или во списание не е потребен формулар за исплатување на моделот, бидејќи ова се смета за уредувачка употреба (се додека не ја оштетувате на било каков начин личноста која сте ја фотографирале). Ако сакате да ја продадете фотографијата за рекламирање или друг промотивен материјал, потребен ви е формулар за исплатување на моделот.

model release
Ако сакате да ги продавате вашите слики, формуларот за исплатување на моделот се смета за задолжителен. Image via Unsplash.

Проверете ги законите во вашата земја. Некои земји, особено во Европа, имаат строги закони за приватност кои регулираат како можете да ги користите фотографиите што сте ги направиле. Доколку сте во сомнеж, снабдете се со формулар за исплатување на моделот. Многу е подобро да го имате, и да ги продавате вашите фотографии со дозвола од вашите клиенти, отколку да го немате.

Аlami нудат добри формулари за исплатување на модели овде.


Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.