Unlimited AE and Premiere Pro templates, videos & more! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Photo & Video
  2. Street
Photography

Вашето тело не лаже : Како да ја употребите конекцијата -умо и тело во уличната фотографија

by
Length:MediumLanguages:
This post is part of a series called Street Photography.
8 Practical Ways to Take Compelling Photographs on the Street
How to Assess and Edit Your Photographs

Macedonian (Македонски јазик) translation by Marija Gjakovska (you can also view the original English article)

Низ цела оваа серија за улична фотографија многу зборувавме за практичните, поочигледни грижи кои ги имаме додека фотографираме како одбирање на камера, поготовка за фотографирање, стекнување доверба, употребување на светлина, истражување на вграденитие налогодувања, оценување и едитирање на фотографии и т.н.  Но поради дискусија на концепт кој е поврзан со Што претставува интуицијата и како функционира, овој водич станува подетална и несфатлива лекција : конекција- ум и тело.

Сликањето на улична фотографија бара од вас да бидете свесни за вашата околина. Но во јавност, кога се се случива дур трепнеш, уличните фотографи мора да бидат исто толку свесни за својата состојба на духот додека фотографираат, со цел да прават повеќе отколку да набљудуваат ; Можат да реагираат на она што го набљудуваат. 

Тоа што сте свесни за вашата лична реакција како што фотографирањето ви прави да се чувствувате сигурно, внимателни и креативни е она што ве одвојува вас и вашите фотографии од другите улични фотографи. Во суштина, вашата ракција е вашата визија, иако кога имате малку или воошто интеракција со вашите субјекти.

Лесно е да се заборави да внимавате на како тоа вие „впивате“ кога има многу да се набљудува и да се прими. Еден начин да се остане свесен за како да реагирате и да преземете контрола на субјект што е во суштина течност и непознато е да се разбере и да се употреби конекцијата ум-тело. 

Што е конекцијата ум-тело?

Конекцијата ум-тело значи дека нашите мисли, чувства и дејствија се рефлектирани на нашето физичко тело. Доктор Џемјс Гордон едуциран на Харвард, кој го основал Центарот за ум-тело медицина, објаснува : „Мозокот и периферниот нервен систем, ендокриниот и имуниот систем и сите органи во нашето тело и сите емоционални одговори кои ги имаме, делат општ хемиски јазик и константно комуницираат едни со други“. 

Конекцијата гледаме како дејствува на повеќе начини : емоционалнот стрес може да резултира со чиреви, вежбањето може да предизвика чувства на еуфорија, глетката на вкусна храна можат да ни ја навлажнат устата и т.н. Но како оваа конекцијата може да им помогне на уличните фотографи? 

Како прво, докажува дека луѓето можат да ни дадат физички траги кои предложуваат своја состојба на духот. Очигледно многу мисли, чувства и внатрешни конекции кои луѓето ги имаат не се манифецтицираат надворешно или не се забележливи во времето на контактот на улица.  Но набљудувањата и внатрешно чувство кое го собирате за нечие физичко присуство и говорот на телото може да биде еден од повеќето показатели кои ја хранат вашата интуиција како што се движите низ јавната околина. 

Претчувствување на луѓе  

Сите животни константно примаат информации за нивната околина и другите животни околу нив.  Луѓето не се многу различнни, но често собираме информации без да сме свесни за тоа („ не знам зошто но имав добро претчувство за него..“) . Собираме детали и импресии, примаме субтилни траги и знаци и сите рагираат на свои индивидуални начини. Просто гледање како животот се расплеткува пред вас може да предизвика реакција : згрчување на рамењата, олабавување на рацете, се насмевнувате или се намуртувате.  Во секој момент, вашето тело регистрира што се случува. Понекогаш тешко можеме да го откриеме изворот на овие сигнали иако се ги потиснуваме. 

Умот и телото се неразделно поврзани. Во константна комуникација телото влијае врз умот исто толку колку што умот влијае на телото.

Се вели дека ако можете да го почувствувате присуството на некој според физички трагови, тогаш можно е вашите субјекти да го почувствуваат вашето  физичко присуство. Без разлика дали се чувствувате повлечено, индиферентно или храбро додека лутате наоколу, постои добра шанса луѓето да ја приметат вашата состојба – не само преку вашите дела, туку во вашиот став, вашето физичко присуство и аурата со која здрачите.  Сите ние сме потранспарентни од што мислиме. 

Негување на внимателно креативна состојба на умот за улична фотографија

Започнување на умствена интеракција

Кога фотографирате на улица, го зацртувате тонот за нивото на искуство кое го имате : вклучувајќи се себеси во фотографијата ја иницијатирате динамиката. Како резултат, состојбата на умот која ја имате додека фотографирате има голем удел во кој и што сретнувате дополнувајќи го она колку добро можете да реагирате на тие средби.

Пример, може да бидете висок и крупен човек со длаболк глас, но може да изгледате како мече. Можно е вашите субјекти да не ги забележат застрашувашките атрибути но да ги забележат добрината и чувствивтелноста со која зрачите, само поради вашите внатрешни особености- вашите вредности и намери кои се изразени.  Згора на тоа, состојбата на вашиот ум додека форографирате има посебен удел во искуството кое го имате и сликите кои ги фотографирате. 

Креирање на ефективна физичка присутност

Ако фотографирате луѓе на улица, можете да ја искористите конекцијата ум-тело кон ваша полза преку претходно одреден емотивен одговор кој го посакувате од вашите субјекти и намерно отелотверување на таа емоција додека фотографирате. На пример, ако сакате вашите субјекти да се чувствуваат удобно, смирено и искрено пред вашиот објектив, тогаш најмоќното дело кое би можеле да го направите да го достигнете тој ефект, е вие да се чувтвувате удобно, смирено и искрено додека талкате.  Мора да бидете она што го барате така што законот на привлечност може да делува. (Ова може да биде и моќен совет за нашите нефотографски животи.)

Секако, вашите субјекти ќе контибуираат на интеркацијата со својата состојба на ум, и може да биде обратно од она на кое целите, но со снадбување на емотивна основа им давате на интеркациите зелено светло. Штом вашите субкети ја претпостават вашата состојба на умот, барем ќе ги поттикне да ја играат вашата игра и , со тек на време, можеби и ќе ги победи субјектите кои се противат.

Да се биде во светот

Да се биде во светот е и физичко и ментално искуство. Гледаме, чувствуваме и мислиме за работите како што се случуваат.   Со луѓето околу нас делиме одреден простор и време . Како фотографи, ни треба и менталната и визичката свест да ни помогнат да направиме фотографии од светот во кој живееме.  Главна причина зошто техники како поставување на внимателна намера и грижа на чувството за физичка пристуност делуваат е тоа што тие ви го одвлечат вниманието и да ве впуштат во светот.  Тие го смируваат внатрешниот умствен монолог и ви помагаат да се сетите да навистина гледате што се случува околу вас.

Возот Ф, Ну Јорк Сити, 2014. Фотографија од Еми Тушет
Со ова симпатично момче си разменивме погледи- без зборови – бидејќи прозорот на метрото не раздели. Верувам, делум, дека ме гледаше толку со драго срце и удобно бидејќи имаше нешто во мојата физичка присутност што го натера да реагира така.

Вашето тело не лаже

Слушање на вашето тело кога вашиот ум не сака

За жал, не сме секогаш свесни за нашата ментална состојба дури и кога имаме јасна намера да бидеме. Во мојата претходна статија, Прифаќање на улогата на стравот во уличната фотографија, зборев за едно искуство кое го имав додека фотографирав во American South кога телото ми праќаше сигнали кои мојот ум не ги регистираше. Тогаш толку бев фиксиран кон предизвичкување на моите стравови што се ставив себеси во опасна ситуација за ништо. Да не беа сигналите кои ги праќаше телото, немаше да знам како да се извлечам себеси од ситуацијата.

Не сме секогаш свесни што чувствуваме или зошто се чувствуваме на одреден начин, но вашето тело не лаже ; не знае како. Може да ви збори кога вашиот ум не сака да слуша. 

Употребување на физичко искуство да се промени умот

Умот може да биде охрабрен да оди по друг пат, ако треба и ќе би дава физички искуства. Со цел да негувате мирно расположение би можеле ,на пример, да медитирате, да работите во градина, да трчате далеку, да слушате музика или да учевствувате во еден куп други активности кои се софпаѓаат со вашите интереси и рекации.  Да се тргнете себеси од несигурност или досада, можете да се ставите во физчки придизвикувачка или нови ситуации кои ве тераат да земете иницијатива така што евентуално бесрамноста се впива во вашата емотционална состојба. Пример, мостови, стоење на раце, и други слични несекојдневни физички актовности за кои се знае дека ја зголемуваат храброста и ризикувањето, но сепак има многу други опции; само зависи од кои сте и на што реагирате. 

Сфаќање кога умот е погоден од неудобност

Исто така, одредени физички искуства можат да поттикнат несакани емоции. Може ќе одите да го сликате отелотворувањето на вашата најефективна состојба на умот па да сфатите дека вашето расположение и мисли се движат кон несакан правец.  Можеби вашата опрема е многу тешка, или како резулат на тоа вие сте уморни и иритирани, и незаинтересирани за целиот свет.  Или можеби е премногу тешко, па се мачите да сликате и креирате досадни фоотграфии без страст и намера.

Овие се две многу едноставни примери како вашето физичко присуство при форографирање може да предизвика несакана умствена состојба; очигледно безброј ситуации можат да ги поттикнат вашите емоции да излезат надвор од контрола. Клучно е да останете свесни за вашите мисли, чувства и расположение воопшто, па ќе можете да го иницијатирате искуството и фотографирате што го посакувате. Останувањето свесни за светот околку вас и вашата внатрешна состојба е клучна во улична фотографија. 

Заклучок

Конекцијата на умот и телото е нераскинлива. Во непрекината комуникација, телото влијае врз умот исто толку колку што умот влијае врз телото.  Со тоа што сте свесни за конекцијата ум-тело можете да си помогнете да ги разберете надворешните сигнали на вашите субјекти како што и да им помогнете на другите да ве разберат вас. Ова знаење можете да го употребите во ваша полза со тоа што ќе бидете внимателни со вашата ментална состојба додека фотографирате, и како резултат на тоа, можно е да ги натерате вашите субјекти да ја пресликаат таа емоција на вас. 

Употребувајќи различни физички техники можете да ги охрабрите вашите мисли и чувства да се движат по различен пат.  Непрекинато земајте ги в предвид вашата душевна состојба исто толку често како што ги земате в предвид околината така што ќе бидете свесни кога физичките искуства ќе ви ги узурпира вашите намери. Вашата состојба на ум потекрепува со основа за вашето искуство и фотографиите како резултат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.