Unlimited AE and Premiere Pro templates, videos & more! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Photo & Video
  2. Photography

Како да креирате новогодишен календар од вашите фотографии

by
Read Time:10 minsLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Zorica Balova (you can also view the original English article)

Изработка на нешто лично за продажба или испраќање како маркетинг алатка може да ве кошта многу време и напор. Тоа може да е бесцелно, но постојат повеќе начини за да се создаде нешто оригинално кое е времено ефикасно и економично. Еве, ќе ви покажам како да креирате календар од едноставен образец и ќе ви објаснам зошто би сакале да креирате таков календар.

Авторот на Tuts+, Сајмон Бреј, кој креирал календари во последните пет години,  ги споделува своите стекнати знаења со нас.

Зошто да креирате календар?

Ако не сте професионален фотограф, можно е да наидете на потешкотии при пронаоѓање на намена за вашите фотографии, што всушност може да ве наведе да направите помалку од тоа што ви е целно. Како што вели Сајмон, креирањето календар што можете да го споделите со вашите пријатели и вашето семејство е одличен изговор за да ги искористите вашите фотографии и да им покажете на сите што сте креирале.

Во изминатите 5 години, секоја година креирам по еден календар. ,,Започна како експеримент, ризикував, без да знам дали некој воопшто ќе го купи мојот календар, но на крај мојот календар послужи како алатка за самопромоција и заработка на малку пари. Испадна добрo. Тоа е одличен начин за моите пријатели и моето семејство  да имаат мое дело на своите ѕидови, без да морам да плаќам пари за печатење." –Сајмон Бреј

Календарот е одлична алатка за маркетинг

Ако сте професионалец, тогаш испраќањето на календар до вашите клиенти (или потенцијални клиенти) е одличен начин да ги известете за вашиот бренд во текот на годината. На своето претходно работно место, постојано добивав брендирани календари, кои секогаш ги чував бидејќи биле корисни.

Тоа е исклучително прифатлив начин за како да допрете до вашите потенцијални клиенти. Помислата  дека тие секојдневно може да ги гледаат вашите фотографии на календар е многу примамлива. Избирајте ги вашите клиенти внимателно бидејќи пристапот за расфрлање може да биде скап. ,,Се работи за градење односи и раздавање на календари како подароци, што за ова време од годината е навистина добра идеја.” -Сајмон Бреј

Имајќи го вашиот бренд закачен на ѕидот од некоја канцеларија, која евентуално би имала потреба од фотограф, претставува добро искористено време кое ви било потребно за да го креирате вашиот календар. Секој обожава мал подарок.

Малите подароци исто така можете да ги искористите како начин за создавање на дополнителна вредност кога ќе завршите некоја работа некому. Вие им ги испраќате нивните фотографии и пропуштате еден од вашите календари, без некоја посебна причина.

Како да ги изберете вашите фотографии за креирањето на календарот

Образецот што го користев при креирањето на календарот, за кој ќе споменам подолу, бара само една слика, така што навистина го стеснува процесот на одлучување. Ако користите по една слика секој месец, тогаш ќе треба да бидете по-методични за вашите избори. Нема потреба од ставање на нарцис во ноемвриски слот. Повторно Сајмон:

Изборот на слики е од клучно значење. Како пејзажен фотограф, напорно работам за да се осигурам дека сликите ги одразуваат сезонските промени низ годината. Сакам да го печатам завршениот труд , дури и малите 6 "x4" отпечатоци, за да можам физички да ги организирам, да видам како тие работат во склоп, дали течат или се премногу слични. Кога ќе го испечатите трудот пронајдете некого на кој му верувате да ви даде негово мислење и ќе бидете на вистинскиот пат.

Оваа година, избрав серија слики од еден проект на кој работев, наречен The Edges Of These Isles, што значи дека трудот визуелно беше добар и концизен. Ако сакате да избегнете да одберете само 12 слики од некоја тематика, пронајдете тема и придржувајте се кон неа!

Следејќи го нашиот пример, одберете слика која ќе одговара за сите сезони. Ова може да биде пејзаж или на пример може да биде архитектура. Ако праќате календари околу вашата локална област, тогаш можеби би требало да користите добро познат белег. Спротивно на тоа, ако вашиот локален познат белег се користи премногу често ,определете се за нешто сосема друго.

Запомнете, секој има различен вкус и најверојатно нема да ги задоволите сите, но потребно е да одберете слика која ќе го привлекува поголемиот дел од вашата публика. Можете да ги користите вашите социјални медиумски платформи за да ги информирате луѓето околу вас - ако имате доволно време при креирањето на календарот.

Како да направите фото календар

Во овој пример, јас користам календарен шаблон за Adobe Photoshop од Perfect Pixel14:

Образецот е проследен со две PSD датотеки: темна и лесна шема, па изберете ја онаа што е најсоодветна за вашата фотографија.

Ќе треба од почеток да го инсталирате слободниот фонт со линкот обезбеден од авторот на шаблонот или да го одберете оној кој веќе сте го инсталирале за да го замени. Бидете свесни, ако го изберете последното тогаш можеби ќе треба повторно да поставите или да промените дел од текстот.

Повлечете ја вашата слика во папката "Image Here" и таа ќе се појави во вид на предмет Променете ја големината додека сликата сеуште не го пополнила просторот и не се прилагодила добро.

compose your imagecompose your imagecompose your image
Компонирајте ја вашата слика за добро да се вклопи во дадениот простор.

Ја избрав оваа црно-бела слика од некои чамци бидејќи ја сметав за  драматична и добро вклоплива во обезбедениот простор и шемата за бои.

Додадете лого

Не грижете се ако не сте во некој бизнис. Можете да го користите овој простор за да напишете порака до вашето семејство и пријатели.

add a logoadd a logoadd a logo
Додајте лого или пријателска порака ако календарот е наменет за вашето семејство или пријатели.

Ги отстранив слоевите "shape" што го сочинуваа логото на примерот и додадов мојот сопствен. Потоа го сменив слојот 'slogan' во една едноставна порака со која им ја честитав новата година на моите клиенти.

Направете промени во боја

Не сум толку заинтересиран за жолтата боја што се користи за неделите, а исто така мислам дека цел викенд треба да биде обоен со цел да се истакне.

Промената на боите може да биде мачна, бидејќи ќе треба да поминете низ датумите на секој месец со цел  ги истакнете релевантните и потоа да ја промените бојата.

colour changescolour changescolour changes
Прилагодете ги боите за да одговараат на вашата фотографија или бренд.

Овде се одлучив за сината боја, бидејќи добро се издвојува во позадина и подобро се вклопува во постоечката шема на бои.

Сината боја во посветлите делови е малку избледена, но ако се движите до папката "all shape", под "group 6", ќе го видите црниот транспарентен градиент што се користи како позадина.

gradientgradientgradient
Користете ги слоевите на градиенти за да го прилагодите начинот на кој вашата фотографија се вклопува со текстот.

Можете да го прилагодите ова додека да го појасните вашиот текст, или можете да користите маска за слој на вашата оригинална фотографија  и да отстраните некои детали.

colour changes aftercolour changes aftercolour changes after
По промените во слоевите на градиентите, текстот е појасен.

Додате детали за контакт

Ако ова не е за професионална употреба, тогаш можете да продолжите и да ги избришете овие слоеви или да додадете нешто сосема друго.

add contact infoadd contact infoadd contact info
Ако е соодветно, додајте информации за контакт

Запомнете, многу компании ќе се придржуваат кон вашите податоци за контакт и потенцијално ќе ги користат за продажни листи или контакти во иднина, па само ставете ги информациите што навистина сакате луѓето да ги имаат и истакнете дека не ви пречи да бидат објавени.

Препорачувам да имате посветен работен број, наместо вашиот личен мобилен или фиксен телефон, и ако немате адреса од канцеларијата тогаш најдобро е да ја вклучите таа информација.

Завршениот календар

finished calendarfinished calendarfinished calendar
Завршениот календар

Календарот е добар изговор за да стапите во контакт со потенцијалните клиенти, или со постоечките клиенти со кои не сте работеле извесно време, за време на потенцијално слабиот почетокот на годината. По Божиќ, луѓето не се сосема вклучени и подготвени да се вратат назад на работа уште, па ова е паметен начин да стапите во контакт со нив, без да изгледа како да притискате или да продавате нешто.

Алтернативно, ако не сте вклучени во бизнисот на фотографирање, календарот е убаво да се испрати на семејството и пријателите за да им покажете дека мислите на нив.

Ако одлучите дека сакате да испратите различни верзии од вашиот календар, па дури и ако сакате да добиете друга шанса, тогаш навистина е лесно да ја замените вашата фотографија за нова, се додека сте го зачувале вашиот шаблон.

alternative designalternative designalternative design
Алтернативен дизајн со брзо префрлување на слики

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.