Cyber Monday Sale Save up to 40% off unlimited courses, tutorials and creative assets. Cyber Monday Sale! Save Now
Advertisement
  1. Photo & Video
  2. Lens Selection

Еве на што да внимавате кога купувате објективи за фотографија

by
Difficulty:IntermediateLength:LongLanguages:
This post is part of a series called Lenses.
Before You Buy a Better Camera, Buy Better Lenses

Macedonian (Македонски јазик) translation by Marija Gjakovska (you can also view the original English article)

Во основа, објективите се доста едноставни : Тие ја примаат светлината од околината и ја фокусираат така што вашата камера може да фотографира.  Сепак, практиката вели дека бирањето накој вистинскиот објектив е изненадувачки сложено. Бирањето објективи е една од најмоќните одлуки кои можете да ги направите како фотограф. 

Во овој водич, ќе погледнеме што ги прави објективите добри за фотографија.  Ќе научите кои се добрите карактеристики на објективите и како да одберете објективи за вашите потреби.  Не постојат перфектни објективи, со било која цена : дури и најдобрите објетиви си имаат свои маани.  Клучно е да се одберат објективи кои ги зголемува до максимум карактеристиките кои ги сакате и ги минимизираат карактеристиките кои не ги сакате

Што се случува кога светлината ќе влезе во леќата? 

Наједноставната леќа која може да се употреби за проекција на слика е едноставна конвексна леќа.  Кога сончев зрак ќе ја удри леќата, се прекршува со што се менува насоката на светлината.  Со конвексна леќа, сите сончеви зраци ќе се соберат во фокусната точка на леќата.  Растојанието меѓу стаклото на леќата и фокусната точка се вика фокусна должина на тој одбјектив.  Иако точната позиција на сензорот варира меѓу производителите, сензорот е наместен на фокусната точка така што фокусираната светлина од леќата креира мала, проектирана слика од сцената.

convex lens
Перфектна, едноставна конвексна леќа. Слика : Др. Боб преку Википедија.

Додека сето ова звучи супер како теорија, се мисли на перфектни леѓи и ги игнорира повеќето езотерични својства на светлината. Едноставна конвексна леќа нема да креира задоволувачка фотографија поради оптични абнормалности. 

Оптичните абнормалности се случуваат поради две работи: несовршената геометрија на леќите и разликите помеѓу како различни светлосни бранови должини низ кои поминуваат. Во едноставна конвексна леќа овие абнормалности ќе се приметуваат.  Сепак, со додавање на додатни елементи, секоја е дизајнирана да поправи ордредени абнормалности производителите на објективи можат да ги намалат нивните ефекти. 

Додавање на дополнителни елементи не е совршеното решение. Секој пат кога светлината се пренесува од една леќа до друга се губи малку светлина.  Колку повеќе елементи има во леќа, толку повеќе светлина и информација во боја се губи во пренос.  Има размена помеѓу поправката на оптичките абнормалности и сочувување информација. 

Ако сакате да знаете повеќе за леќи, нашиот Симон Бреј има одлична статија за основите на дизајн на леќи.   Два од курсевите на Дејв Бод, Водич за фотографи за светлина и Што треба секој фотограф да знае за леќи, темелно разгледува како светлината и леќите функционираат.

Целосна острина, Оптички абнормалности и елементи

Модерните леѓи се дизајнирани да прават две работи: да креираат најостри можни проекции ширум целата слика и да ги минимизираат оптички абнормалности.  Во споредба со други леќи, користат многу повеќе и покомплицирани елементи за леќи.

Фокусната рамнина на леќата не е совршено рамна. Вусшност, има субтилно заобликување поради оптичките абнормалности.  Дигиталните сензори, воопшто, се рамни.  Ова значи дека ако центарот на сликата е перфектно фокусирана, краевите нема да бидат.  Со цел да се добие целосна острина  треба да се додадат многу различни елементи.  Многу модерни леќи имаат околу десетина елементи.  Пример Сигма 50мм ф/1,4( кој се цени поради острината) има 13 елементи. 

canon 24-105 optics
Елементите на објективот Канон 24-105 ф/4 зголемувачки леќи.  Слика: Алесио Факин преку Викепдија. 

Не се сите елементи направени еднакво.  Асферични елементи се додадени на комплексни леќи да надомести за абнормалностите кои се среќаваат во сферичните елементи. На производителите им е лесно да заглават во низа на додавање повеќе елементи да го поправат проблемот од претходните елементи. 

Додека нема ништо погешно, по природа, со објективи со повеќе елементи кои го намалуваат проектирањето на светлина и боја што влијае како изгледаат конечните слики. 

3Д рендерирање и Микро-контраст

Постари објективи имаат многу помалку елементи отколку модерните.  Ова ги прави поизложени на оптички абнормалности и, особено, тоа значи дека често имаат меки агли.  Од друга страна, тие можат да имаат неверојатно задоволувачки карактеристики. Спротивно од резолуција и острина, овие карактеристики се многу потешки да се измерат со табела.

Објективите со помалку елементи се општо подобри при рендерирање детали такашто сликите кои ги креираат изгледаат по тридемензионални. Очигледно, сите детали се всушност рендерирани како дведимензионална слика, но изгледост на три димензии лежи на субтилни детали кои се губат од преголемото поправање на оптички абнормалности и светлото што поминува низ премногу елементи.  Објектив со многу малку елементи креира слики кои имаат поголема видлива разделба помеѓу позадина и субјекти во преден план и поточен нацрт на геометрички облици.  Како што се додават елементи на објективите, тридимензионалниот ефект се намалува. Ова е причината за рамниот, цилиндричен изглед на модерните леќи. Канадскиот фотограф Јаник Хонг има одлична статија што го разгледува тој проблем подетално.

Микро-контраст е малата количина на тонова и бојна варијација помеѓу детали на субјект. Тоа е неверојатно субтилен ефект но е тоа што ги одвојува леќите на Леика, Зајс, Канон Л серија, средни форматни или големи форматни леќи од другите поевтини овјективи.  Микро-контраст е она што им дава на делови константна боја, реалистична и точна текстура.  Тоа е еден од првите елементи кои се губат кога светлика поминува низ премногу елементи. Додека не е неопходно за добар фотограф, тоа е една од работите кои и дава на сликата карактер.  Повторно, Јаник Хонг има напишано детален преглед.

The Hard Decision

Значи од едната страна имаме објективи со одлична резолуција, целосна острина, минимален број на абнормалности и многу елелементи.  Од другата страна, имаме постари објективи со помалку елементи, повеќе абнормалности, меки агли и одлична(но тешка за мерење) тридемензионалност и микро-контраст.  Кои леќи се подобри? 

Како што е со повеќето работи: зависи. Модерните леќи се поскапи.  Можете да најдете постари објективи со помалку елементи за џабе на препродажба. Ако буџетот не ви претставува проблем, изборот станува потежок.

multi element portrait
Овој портрет го сликав со Канон 85мм ф/1.8 со девет елементи.  Скоро целата тридемензионалност доаѓа од длаболчина на поле. 

Сѐ се сведува, навистина, на материјалот на субјект со којшто работите.  Ако сликате портрети со ниска апертура, целото растојание помешу позадината и она што е во преден план ќе дојде од длаболчината на полето отколку од некој ефект на леќата.  Можеби ќе забележите мала дводимензионалност во некои детали на лицето и губење на варијации на тонот во замаглената позадина, но би требало да бидете во ред.

Сепак, ако сте пејзажен фотограф, можеби ќе сакате да добиете колку што може повеќе тридемензионалност и текстура во вашите фотографии. Се додека работите со помала апертура, губењето на острината на аглите не би требало да се приметува.

Мора самите да дознаете каде вашите потреби се во овој спектрум. Секогаш ќе постои компромис, затоа идентификувајте ги квалитетите кои најмногу ги сакате во вашите објективи, и тогаш одберете ги оние кои ги имаат.

Оценување на објектив : Селективен критериум и важни прашања

Ајде да поминеме низ сите квалитети и точки кои треба да се земат предвид при оценување објектив.  Поделив на 4 области : технички квалитет, естетски квалитет, градба и чувство. 

Технички квалитети на објектив

Техничкиот квалитет е добра основа.

  • Фокус : Дали објективот има аутофокус, и ако има, каков автофокус? Поновите методи обично се побрзи, потивки но не секогаш. Каков фокус дозволува објективот?
  • Фокусно „дишење“: Дали фокусната должина се менува драстично во зависност од каде фокусирате?  Како ова ќе влијае врз било која фотографија која ќе планирате да ја сликате?
  • Бојна рендерација: Како објективот рендерира боја?  Дали е неверојатно точен или заматува некои тонови?
  • Обложување на леќите: Како се објективните емененти обложени?  Облогите се ефективен метод за минимизирање на хроматски абнормалности но можат негативно да влијаат на преносот на светлина. Ако сликате црно-бели фотографии тогаш помалку обложени елементи се подобри. За слика во боја, ќе ви требаат повеќе облоги да се справите со абнормалностите
  • Кома: Како се изворните точки на светлина надвор од оската рендерирани? Дали објективот страда од многу хроматски абнормалности или остануваат верни?
  • Дисторзија: цилиндрична и pincushion дисторзија влијае врз правите линии на вашата фотографија и широкоаголните објективи се посклони кон тоа. Како леќите прават дисторзија на краевите на сликите?  Дали дисторзијата е премногу за вашите потреби?
  • Пад на светлината : На кој начин светлината паѓа на краевите на фотографијата?  Дали има тежок засенок или фотографијата е еднакво изложена на светлина?
  • Употреба со филтери : Дали можете да ги употребите објективите со стандардна 77мм завртка на филтери или е необична големина што бара адаптери?
  • Блесок и „духови“ : Како реагираат обејективите на извори на светлина надвор од оската?  Дали предизвикуваат драматични блесоци и „духови“ ? Дали го сакате овој ефект?
  • Латерални бојни ивици : Колку многу леќата поправа хроматски абнормалности?  Дали вашите слики ќе завршат со обоени ивици или едвај ќе се познаваат? 
  • Макро фокусирање и минималнo фокусно растојание: Колку близу можат објективите да фокусираат?
  • Острина: Колку е остра леѓата кога е ширум отворена?  Што е со нејзината најостра апертура?  Дали е остра од еден крај на друг или е само во центарот? Дали вооошто ви требаат остри фотографии ?
  • Сферохроматизам : Слично на латерални бојни ивици што е резултат на различни оптички особености. Дали ќе претставува проблем? 
  • Сончеви одблесоци: Како ќе изгледаат блескави светлосни извори на помали апертури?  Со колку острици е блендата на апертурата? Ова го одредува изгледот на сончевите одблесоци.

Естетски квалитети на објективите

Еден објектив може да не биде технички совршен но да има естетски карактер што го прави вреден. 

  • Фамилија на леќи: Дали е класичниот дизајн е основа на објективот? Има многу несовршени-но-естетски-задоволовачки објективи кои станаа култни. Можеби некој фотограф го употребил овој објектив за нивната најпозната фотографија?
  • Бокех: Како изгледа бокехот на широка апертура? Дали додаваат или одзимаат од видот на фотографии кои сакате да ги сликате? Дали се необични или интересни на некој начин?
  • Микроконтраст: Дали објективот рендерира мали промени во боја? Дали ги израмнува или го остава микроконтрастот недопрен?
  • Тридимензионалност: Како објективот рендерира 3Д објекти?  Дали се компресирани такашто се појвуваат на самиот сензор или остануваат целосни? 

Изградба на објектив

Куќиштето на објективот е исто толку важно како и самиот објектив.

  • Материјал: Од што е направен објективот?  Металните објективи се потешки но пласичните објективи се поефтини.  Дали ви требаат тешки објективи?
  • Фокусна должина: Каква е фокусната должина на објективот? Дали фокусната должина ги задоволува вашите потреби?
  • Агол на гледна точка: Која е поставената фокусна должина на објективот ако употребувате нешто друго освен камера со целосен сензор/35мм ?  Дали е тоа многу широко или тесно за вашите потреби?
  • Однос на максимнална репродукција: За макро слики, кој е односот меѓу големината на субјектот и неговата репродуцирана големина на центарот? 
  • Конечена фокусна граница за бесконечност : Дали објективот прекинува да фокусира на оптичка бесконечност или можете да фокусирате и по тоа?  Дали ви треба да бидете во можност брзо да фокусирате до бесконечност или можете да го погодите како што работите? Дали ќе работите во околина со различни услови кадешто оптичката бесконечност забележително ќе се променува?
  • Фокусно мерење: Колку мали се фокусните зголемувања? Ако планирате често рачно да фокусирате, тогаш колку помали толку подобро.
  • Мерење на длабочина на полето: многу постари објективи со рачно фокусирање имаат маркери на куќиштето да ви помогнат при хиперфокално фокусирање. 
  • Навртка за филтер: Која големина е прстенот за филтри?  Дали е класичен?  Дали имате филтри кои ќе бидат точни? Дали е од метал или пластика? 
  • Монтирање: Како се монтира објективот на камерата и дали е компатабилен со вашата камера? Дали е пластично или метално монтирање?  Колку длаболко навлегува во куќиштето на апаратот? 
  • Големина: Колку е голем објективот?  Мора да го носите.  Некои производители на објективи како Сигма и Сони прават големи објективи додека другите како Леика и Вогтландер прават помали објективи.
  • Тежина: Колку е тежок објективот?  Повторно, ќе треба да го носите и да работите со него.
  • Капачиња: Како се става капачето на објективот?  Дали лесно се вади? Дали ќе падне лесно?
  • Худ: Дали објективот доаѓа со худ што ќе го штити против одбелесоци од леќата?
  • Футрола: Дали објективот има футрола? Дали може да го штити објективот?

Чувство на објектив

Последната мерка е сосема субјективна.  Како ви лежи објективот додека го употребувате.  Дали е избалансиран со вашата камера?  Дали амертурниот прстен и фокусните контроли работат безпрекорно? Дали тоа е убав дебел објектив за портрети добар за работење споро?  Дали е мал објектив што наликува на палачинка совршен за улична фотографија?  Како лежи објективот е, а некој начин, најважната карактеристика.  Можете цел ден да читате критики на интернет за „перфектни“ објективи, но објективот во вашите раце е она што ќе го употребувате во вистинскиот свет. Мора да ви лежи добро.

Заокрожување

Во овој водич поминав низ она што го прави објективот добар, или , со кои карактеристики може да се опише добар објектив.  До вас е дали им давате преднос на целосната острина и резолуција наместо на посубтилната тридемензионалност и микроконтраст. Секако модерните објективи со многу елементи имаат место во светот, како и постари и поедностави објективи.

Конечно, важно е да се напомене дека тактично се фокусирав на основни објективи.  Скоро невозожно е да имате функционални зумирачки објектив со само неколку елементи. За зумирачки објективи, секогаш ќе треба да се стремите кон порамни фотографии.


Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.