Unlimited WordPress themes, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Photo & Video
  2. WordPress
Photography

Како да ги организирате вашите фотографии во WordPress со WP Real Media Library

by
Difficulty:IntermediateLength:MediumLanguages:
This post is part of a series called Digital Asset Management for Photographers (Learning Resource Guide).
How to Use Photo Mechanic to Tame Your Picture Archive and Organize Your Images
From Lightroom to WordPress: How to Create SEO-Optimized Images
Sponsored Content

This sponsored post features a product relevant to our readers while meeting our editorial guidelines for being objective and educational.

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

WordPress е алатка по која посегнуваат многу фотографи, за да го покажат своето портфолио.  И покрај целосно опремената алатка за управување со дигитални програми како Adobe Lightroom, сепак фотографијата и алатките за менаџирање со мултимедија во WordPress можат малку да разочараат.  

Во ова упатство, ќе ви покажам како да ја користите WP Real Media Library од MatthiasWeb за да ја компресирате мултимедијалната библиотека и да ги организирате вашите средства.

Организирајте ја вашата мултимедија

Media Library Screenshot
Ова е фондот на мултимедијалната библиотека WordPress. Иако можеме да бараме датотека, опции за организација практично не постојат. Ова е моментот каде што настапува WP Real Media Library.

Користам WP Real Media Library за да ја организирам мултимедијата за Preset Love, веб-страница што ја создадов. Preset Love нуди бесплатни Adobe Lightroom пресети и е изградена на WordPress.. Таа е сложена страница: при мултимедијална библиотека полна со слики и претходно поставени датотеки, ми требаше некаква помош за да се организирам и да останам организиран.

Real Media Library
По инсталирањето на приклучокот, екранот на мултимедијалната библиотека ќе се трансформира! Приклучокот за Real Media Library ви дава можност да ги организирате вашите слики во виртуелни папки и колекции. Слика од CodeCanyon.

Меѓу другото, ова упатство е за корисниците кои го имаат инсталирано WordPress на нивниот сопствен домен и веб сервер, исто така познат како WordPress.org, а не хостирани сајтови на Wordpress.com.

Инсталирајте го приклучокот

WP Real Media е достапен за купување преку Marketplace CodeCanyon. CodeCanyon е во сопственост на Envato, истите луѓе кои ви го носат Tuts +, и нуди многу премиум приклучоци во WordPress. Иако WordPress има многу бесплатни приклучоци, јас често го избирам CodeCanyon, бидејќи знам дека приклуоците се внимателно проучени и често вклучуваат поддршка од авторите за одреден временски период.  Проверете го приклучокот WP Real Media Library и купете го од CodeCanyon.

WP Real Media Library Download
По купувањето на приклучокот и плаќањето преку PayPal, се вратив на страната со ставки за да го преземам. На десната страна можете да го најдете линкот за преземање. Притиснете Download за да ја преземете датотеката со додатокот.

По купувањето на приклучокот, тој ќе стане достапен за преземање на вашата сметка на CodeCanyon. Најлесен начин да го преземете е да се вратите на страницата со ставки, каде што приклучокот сега е отклучен. Преземете го на вашиот компјутер на место кое лесно може да го најдете како папката Downloads или десктопот. Потоа, отпакувајте ја датотеката и пронајдете ја датотеката real-media-library.zip.

Сега, најавете се на административниот панел на WordPress за вашиот сајт (обично се наоѓа на yourdomain.com/wp-admin) и најдете го менито Plugins на левата страна. Изберете Add New за веднаш да преминете  до Plugins панелот. Потоа, кликнете Upload Plugin на врвот од прозорецот.

Add new and upload
За да испратите приклучок од вашиот компјутер, пронајдете го Plugins менито на левата страна Admin панелот и изберете Add New. Потоа, кликнете Upload Plugin на следната страница која  ќе се појави.

Сега, ќе треба да пребарате каде ја презедовте датотеката со приклучокот. Изберете "real-media-library.zip", а потоа притиснете Install Now. На следната страница, осигурајте се да притиснете Activate.

Add Plugin Resized
Кога ќе бидете на страницата за инсталирање на приклучокот, пребарајте ја Real Media Library zip датотеката и изберете "Install Now" . Потоа притиснете "Activate" на следниот прозорец.

Тоа е тоа! Имате инсталирано WP Real Media Library. За да започнете да го користите приклучокот, само вратете се во стандардната Media Library од админ панелот на којшто сте навикнати.

Организирајте ја мултимедијата во папки

Една од моите омилени карактеристики на WP Real Media Library е тоа што беспрекорно се интегрира со WordPress. Таа едноставно ја заменува мултимедијалната библиотека што е вградена во WordPress. За да започнете да ја користите WP Real Media Library, само вратете се во опцијата Media > Library од админ панелот на WordPress.

WP Real Media Library starting point
Откако ќе го инсталирате приклучокот WP Real Media Library, вашата мултимедијална библиотека ќе се трансформира во многу посилен организатор на мултимедија. Отпрвин, секоја слика ќе биде во делот "Unorganized" , но ќе може да се повлече и остави во одредени папки.

Создадете папка

Прво, да создадеме папка. Можете да користите папки за да организирате датотеки  во вашата мултимедијална библиотека. Во мојот случај, ќе ги сортирам сите мои претходно поставени  слики во една папка, и сите пресети што можат да се преземат (zip датотеки) во друга папка.

За да создадете папка, кликнете на папката со икона во вид на плус копче во горниот лев агол на прозорецот на мултимедијалната библиотека. Откако ќе го кликнете, приклучокот ќе создаде нова папка во групата со папки на дното. Јас и го дадов името "Presets" за да ги сортирам моите пресет датотеки.

New folder media library
За креирање нов

Стандардно, WP Real Media Library става сè во категоријата "Unorganized" која можете да ја видите на левата страна на мултимедијалната библиотека. Кога ќе кликнете на "Unorganized", ќе ги видите сите слики што не се подредени во папка. Најпосле, ќе сакаме да ја преместиме секоја мултимедијална датотека во поспецифична папка, така што нашата библиотека да остане организирана.

За да преместите дел од медиумот во папка, само повлечете и испуштете го од „неорганизираната“ листа во новосоздадената папка. Поминете повеќе време работејќи во категоријата "Unorganized" и пренесете ја мултимедијата во серија папки.

Drag and drop media library
Кога ја создадов новата папка "Presets", целта беше да ги задржи сите претходно поставени Lightroom датотеки.

Кога преместувате слика во папка, таа не ја менува својата локација на веб серверот.  Ова е важно затоа што нема да ја прекине врската при постирање или било каде што веќе сте ја користеле. Папките се само алатка за виртуелна организација за сортирање на вашата мултимедија.

Лесно е да преместите неколку слики истовремено. Само штиклирајте ги полињата лево од сите датотеки што сакате да ги преместите заедно и повлечете и испуштете ги сите наеднаш.

Multi Move
Во оваа слика, ќе забележите дека имам избрано три датотеки со полињата за штиклирање лево од сликата. Сега, можам да кликнам и да повлечам на било која од нив за да ги преместам сите заедно.

Конечно, можете да користите повеќе нивоа на папки за да создадете високо организирана мултимедијална структура. Со една избрана папка во мултимедијалната библиотека, притиснете го копчето за нова папка повторно, за да креирате папка од второ ниво.

Level 2 Folders
За да создадете второ ниво на организација, одберете папка што веќе сте ја создале. Потоа, притиснете го копчето за создавање на нова папка што е нагласено во екранот. Ќе забележите дека тоа создава второ ниво на организација, каде што можете да ја именувате папката. Јас користам повеќе нивоа на папки за да ги одделам различните видови на пресети.

Колекции и галерии

WP Real Media Library исто така нуди колекции и галерии кои што можете да ги вметнете во постовите. Колекциите содржат галерии, а индивидуалните галерии содржат слики. Гледајте на нив како слични на папките, но со опција да ги вметнете во стилизирана мрежа во WordPress пост. Ајде да создадеме колекција, потоа галерија, и да ставиме некои слики во неа.

За да создадете колекција, притиснете го копчето за нова колекција (прикажано на сликата подолу) и именувајте ја.

Create a collection
Создадете колекција со копчето new collection во мултимедијалната библиотека. Ќе се прикаже во истата група на папки со сликичка.

Запомнете дека колекциите имаат галерии. Изберете ја колекцијата што ја создадовме, и иконите на врвот на колоната ќе се променат. Потоа, притиснете ја десната икона прикажана на сликата подолу за да создадете галерија во колекцијата.

Create gallery
Откако ќе ја изберете колекцијата, притиснете ја иконата прикажана погоре за да креирате галерија.

Сега откако создадовме галерија, можеме да ставиме некои слики во неа. Ќе се вратам во делот "Unorganized" и влечам и пуштам слики во галеријата. Ги користев  полињата за штиклирање и избрав 11 слики, потоа ги одвлеков и ги испуштив сите заедно во галеријата одеднаш.

Move images into a gallery
Можеме да ги преместуваме сликите во галеријата исто како што можевме и во папките.

Сè е готово! Сега, кога додадовме слики во галеријата, ајде неа да ја додадеме на WordPress пост. Создадете нов WordPress пост или изберете го постоечкиот. На уредувачот на постови, пронајдете го новото копче Gallery (изгледа како четири квадрати во решетка) на лентата со алатки и кликнете на него.

Add Gallery WordPress post
За да додадете галерија во пост, пронајдете го копчето "Gallery from Media Folder" на лентата со алатки. Кликнете го и ќе добиете некои нови опции за тоа како да ја додадете галеријата.

Сега, ќе видите неколку опции за тоа како да ја вметнете галеријата. Ќе треба да го користите "Folder" од паѓачкото мени за да ја изберете галеријата што ја создадовте. Можете исто така да го прилагодите бројот на колони во мрежата на галеријата за слики.

Gallery from Media Folder
За да ја завршите галеријата, посочете го WordPress на галеријата што ја создадовте со првото паѓачко мени. Потоа, притиснете "OK".

Откако ќе притиснете ОК, WordPress ќе внесе краток код кој ќе ви помогне да ја вметнете галеријата во нацрт на вашиот пост. Ајде да притиснеме за preview (преглед) за да видиме како изгледа

Gallery in Post
Потребни се неколку минути за галериите да се создадат и се одличен начин да ги прикажат сликите во еден пост.

Многу добро! Галериите се одлична алатка за додавање слики со визуелно атрактивен начин на вашите WordPress постови. Во процесот на организирање, можете да ги споите сликите и да ги ставите во галерии за да бидат лесно достапни.

Повторете и продолжете со учење

Приклучокот WP Real Media Library е моќна алатка за организирање на вашата WordPress страница. Како што се проширува мултимедијалната библиотека на вашата страница, ќе ви требаат неколку папки за да ги задржите работите сортирани и организирани и овој приклучок е совршено решение.

Ако сте заинтересирани да дознаете повеќе за WordPress, Tuts + има одличен избор на упатства. Овој преглед на галерии на WordPress има одлична листа на приклучоци кои може да се користат за прикажување на слики во WordPress. Можеби ќе сакате на научите за CodeCanyon - избор на формати на приклучоци за интеракција со вашите посетители.  На крај, ако навистина сакате да започнете со користење на WordPress админ панелот, Рејчел МекКоллин нуди корисен краток курс за креирање на содржини.


Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.