Unlimited After Effects and Premiere Pro templates, stock video, royalty free music tracks & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Photo & Video
  2. Lighting
Photography

Што е златниот час? 

by
Difficulty:BeginnerLength:MediumLanguages:
This post is part of a series called Architectural Photography.
50 Ultimate Examples Of Architecture Photography
5 Inspirational Pictures of Buildings and How to Take Your Own Architecture Photos
This post is part of a series called Environmental Portraiture: How to Go Beyond the Ordinary.
6 Creative Ways to Shoot Portraits in a Tunnel
People in Places: Shooting an Environmental Portrait
This post is part of a series called Landscape Photography.
How To Paint with Light in a Landscape

Macedonian (Македонски јазик) translation by Marija Gjakovska (you can also view the original English article)

Како фотографи и видеографи секогаш мораме да работиме со светлината која ни е на располагање. Понекогаш тоа е целосно осветлено студио со штосни светла и модификатори но, честопати природната сончева светлина е сѐ што имаме. Иако не постои такво нешто „лоша“ светлна, со некои видови светлина полесно се работи и се полесни  за прилагодба за различни потреби. 

Еден од најраните совети кои фотографите ги добиваат е да сликаат за време на изгрејсонце и залез. Ова време секое утро и вечер кога сонцето е ниско на небото се вика „Златен час“ , бидејќи дава мека златна светлина која им ласка на повеќето субјекти и со која лесно се работи.  ДОдека сонцето е под хоризонтот, светлината има плава боја и некое време кога има доволно светлина се вика „Плавиот час“. 

Во овој водич ќе проучам што ги предизвикува плавата и златната светлина, зошто се добри за фотографијата и како да работите со нив.

Што ги предизвикува златниот и плавиот час

Фотографија и видеографија, повеќе од скоро сите други форми на уметност, се поттикнати од физиката. Првите фотографи биле научници.  Што прави светлината и како се однесува, се сведува на физички својства. Златните и плавите часови настануваат како резултати на соодносот на светлината и атмсферата на Земјата под различни околности.

Сончевата светлина содржи многу различни светлосни бранови должини. Човековото око е осетливо на разликата на светлосните бранови должини и го искусуваме секој бран како сензација на светлината. 

Кога сите бранови се присутни во грубо-речено еднакви пропорции се јавува бела светлина. Сепак, ако пропорициите се менуваат почнуваме да ја гледаме светлината како бојата на светлосната бранова должина која доминира.  Плавата светлина има бранова должина од околу 475 нанометри (nm), жолтата светлина има светлосен бран од околу 570 нм додека црвената светлина се појавува на околу 650 нм. Сите други бои на видливиот спектар на бои имаат други бранови должини. 

blue hour
Плавата рефлектирана светлина од сонцето ја осветлува сликата . Bridge at Twilight.  ARZTSAMUI/Photo Dune.

Различната бранова должина на светлината различно влијае на земјината атмосфера. Светлината со пократка бранова должина ( виолетова и плава светлина)  е  распрскана полесно додека отколку светлина со подолга бранова должина (жолта, портокалова и црвена).  На пладне кога сонцето е високо на небото не е толку важно како што патот на светлината низ атмосферата е на најкраткиот пат, сепак, кога сонцето е ниско на небото тогаш важна е светлината влегува во атмосферата под агол.  Кога сонцето е ниско, светлината мора да патува  поголема далечина низ земјината атмосфера за да дојде до вас и било што да фотографирате ; поголемата далечина на атмосфера низ која светлината поминува ќе има поголем ефект на пократката светлосна бранова должина.

На изгрејсонце и залез плавата светлина од сонцето е распрскана низ атмосферата додека жолтата,портокаловата и црвената светлина е во целост индиферентна. Ова го намалува количествоѕо на плавата светлина која ве допира директно и креира убава златна светлина. Додека сонцето е под хоризонтот, сепак, поголемата сончева бранова должина се пробива низ атмосферата кон вселената.  Пократката плава светлина којашто е распрскана низ атмосферата се рефлектира назад кон Земјата и доведува до плавиот час. Оваа рефлектирана светлина е приината зошто можеме да продолжиме со работа и по залезот. 

Како да работите за време на златниот час

За време на златниот час, светлината е најлесната алатка со која може да се работи поласкувајќи му на субјектот.

За време на изгрејсонце и залез, динамичната големина на повеќето сцени е помала отколку во други случаеви. Ова значи дека вашата камера е веројатно способна да слика нагласени и исенчани детали во една рамка. Целокупната редукција на нивоата на светлина ги контролира истакнатите делови додека нискиот агол не ги креира стогите, црни сенки типични за директната светлина.

golden hour
Ниското сонце го креира златниот час. Beautiful Sunset on the Sea. Anna_Omelchenko/Photo Dune.

За ова време нивоата на светлина брзо можат да се променат, да паднат за една или две единица за дури десет минути.  Ако не сте внимателни и константно не ги проценувате поставките на вашата камера, лесно може да добието слики со презголемена експозиција или премала експозиција. Еден начин за да се избегне ова е да се работи во режимот aperture priority.

Сите нивоа на светла можат да бидат прилично ниски за време на златниот час. Иако со вашите очи гледате чисто, вашата камера може да се мачи да дојде до добра експозиција. Може да си помогнете и да употребите пониска брзина на бленда, поширока апература или побрз ISO што не би го направиле за време на денот. 

Во овој водич за осветлување на околината за видео, Јорди Вандерпут разгледува неколку варијанти за сценарија со природна светлина. Бесплатната лекција од курсот подолу го покрива она како да се работи за време на златниот час. 

Како да работите за време на Плавиот час

За време на плавиот час, има многу светлина со која може да се работи ако работите брзо - како златниот час, целите нивоа на светлина ќе се променат брзо. Додека не е идеално за портрети, некои од најдобрите пејзажни слики, особено они со море, се сликани во овој период. 

За да се сликнат добри слики во плавиот лас, најдобро е да се користи трипод и побрзи брзини на бленда. Ако сакате да сликате без трипод, ќе треба да го подигнете ISO-то.

Со ниските нивоа на светлина, Плавиот час е совршеното време да сликате со подогла експозиција. Иако без неутрален филтер за густина, можете да наместите брзина на бленда поглема од десет секунди со употребување на средна апература и ниско ISO. На Envato Tuts+ детално ги испитавме долгите експозиции. Водичот за како да се користат интервалометри од Кевин Гартер ќе ви помогне како за почеток.  Некои од најдобрите субкети за фотографии со долга експозиција се оние со вода во движење и Марие Гардине  има добри водичи кои ги покриваат основите. Исто така, имам пишувано за употреба на вашиот смартфон како контролер на вашата камера што е совршено за слики со долги експозиции. 

Како што светлината продолжува да преминува во ноќ, може да продолжите да фотографирате. Ако сте заинтересирани за ноќно сликање би требало да го видите водичот на Ентони Џејмс. 

Избегнување на клише

Еден од проблемите со работа во златниот час е неговата популарност; има толку многу лоши клише слики со изгрејсонце и залез. Најважното правило за да избегнете клише е да се осигурате дека вашата слика има субјект.  Ако е само уште една слика со црвено небо со сонцето близу до хоризонтот, никогаш нема да се истакне. Наместо да ја сликате светлината, истата употребете ја за да создадете нешто што ќе раскаже приказна.

Симон Бреј има напишано водич во кој детално објаснува зошто сликите со изгрејсонце и залез ни се допаѓаат и ,најважно, како да избегнете клише слики.

Лажирање на златниот час

Ако го пропуштате златниот час кога сликате, не значи дека не можете да додадете некои од квалитетите на светлината на вашите слики во пост продукција. Дали ќе сакате или не зависи од тоа колку ги едитирате вашите фотографии. Понекогаш, за клиент ќе треба да сликнете она што се чини дека е слика со залез но поради околностите вон ваша контрола.  Другпат ќе сакате да ги направите портретите поинтересни. 

Можно да го лажирате златниот час во AdobePhotoshop но јас преферирам да го користам Knoll Light Factory, за кој веќе говорев. 

Заклучок

Златните и плавите часа го создаваат најинтересното светло за сликање. Кога сонцето се спушта на небото, подоглиот пат  низ атмосферата предизвикува распрснување на плавата светлина. Додека сонцето е над хоризонтот ова значи дека ќе добиете директна златна светина ; штом е под хоризонтот плавата светлина доминира.

Работењето за време на златниот и плавиот час се работи за можностите кога не располагате со многу време. Нискиот динамична големина и директна светлина придонесуваат за мошне пријатни слики.  Нивоата на светлина, сепак, можат да се променат брзо што значи дека ќе треба да бидете подготвени да ја подесите вашата камера во лет.  Исто така, вкупните нивоа на светлина, особено за време на плавиот час, можат да бидат многу ниски. Ова е супер за слики со долга експозиција но значи дека ќе треба да го зголемите вашето ISO ако сликате без типод. 

Сликите со залез можат да бидат многу клише. Наместо да го сликате изворот на светлото од златниот час, работете со појаката светлина и друг субјект.  Ако не можете да го зграпчите златниот час во вашата камера, можно е да ги додадете некои од карактеристиките на светлината во пост продукција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.