Unlimited AE and Premiere Pro templates, videos & more! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Photo & Video
  2. Portrait
Photography

Што Очекуваме Да Видиме: Кога да се исечат Екстремитетите во Портрет

by
Difficulty:BeginnerLength:ShortLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by SqueezeTranslate (you can also view the original English article)

Едно од правилата за портрет фотографија е да се исече некаде различно од зглобовите на личноста.Многу од правилата на фотографијата се подложни на нивно прекршување, но ова правило не е едно од нив. Сечење на зглобовите на личноста создава вознемирувачко и одвлекувачко чуство на тоа дека личноста на фотографијата е ампутирана.Дури и најдобриот портрет со перкетен израз и прекрасна поза ќе настрада ако биде ако биде лошо исечен.

Постојат дијаграми и општи правила кои укажуваат каде лицето може да биде исечено, но насоките не се апсолутни.Мораш за себе да судиш на секоја поза и портрет и да одлучиш каде да се исече. За да ви помогнам да ги направите овие одлуки, јас ќе ви објаснам како ние гледаме и зошто сечењето на лицето преку зглобот вознемирува.Со таа информација, ќе бидеш во можност со сигурност да одлучиш со секој портрет каде да се исече.

Како Гледаме

Она што го гледаме е комбинација од она што го гледаат нашите очи и што придонесува нашиот ум.Нашите умови се силни и убедливи соработници, и можат да ни помогнат или да не измамат. На пример, кога претставен со нецелосен цртеж, нашите умови ќе ги затворат визуелните празнини, ќе се потпираат на она што е познато, и ќе ни кажуваат дека таму е комплетен објект. Во цртежите подолу, нашите умови ги затвораат празнините и ги гледаме скиците лево како круг и квадрат иако линиите се скршени и облиците нецелосни. Нашите умови се потпираат на тоа што сме виделе пред да ги затвориме празнините и ни кажуваат дека сликата од десно е дрво.

Our minds fill in the visual gaps

Ако нема доволно информации во сликата, нашите умови се борат да ги затворат празнините. Наместо да гледаме комплетен објект, нашите умови се оддалечени од обидот да го средат и пополнат она што недостасува.Без доволно информации, нашите умови често не измамуваат, погрешно го толкуваат она што го гледаме.

Што Гледаме

Кога гледаме во исечена фотографија на некоја личност, нашите умови ни кажуваат дека личноста е целосна.Ние можеби не гледаме целосни тела, но нашите умови ги цртаат од она што ни е познато, ги пополнуваат визуелните празнини и ја замислуваат личноста како целина. Нашите умови се во мирување, уверени дека во она што очекуваме да го видиме е надвор од рабовите на фотографијата.

Кога гледаме во фотографија од личност чии екстремитети се исечени кај зглобовите-на рамото,лактот,зглобот на раката, коленото или глуждот-нашите умови се непријатни,се мачат да го протолкуваат она што го гледаме. Можеме да видиме некои од екстремитетите на личноста па нашите умови почнуваат со размислување на она што е комплетно.На пример, ако некоја личност е исечена на колената, нашите умови почнуваат со разгледување „бутот“ и „коленото“ а не „ногата“. 

Нашите умови потоа бараат некои информации за да се утврди што доаѓа под колената.Ако личностна е исечена на колената, фотографијата не нуди доволно на информации за нашите умови да го замислат остатокот. Нашите умови погрешно го толкуваат недостатокот на информации како нешто да недостасува.Иако знаеме поинаку, нашите умови не мамат и ги гледаат нозете на личноста ампутирани.

Во фотографијата подолу, бидејќи нозете на личноста не се целосни, нашите умови започнуваат со она што е комплетно:бутовите и колената на личноста. Нема доволно информации за нашите умови да започнат да го замислуваат долниот дел од нозете. Наместо, нашите умови погрешно да ги толкуваат недостатокот на информации и да ни кажуваат дека долниот дел на нозете на личноста недостасува.Слично на тоа,поради тоа како е поставен,левата рака на личноста е нецелосна. Гледаме комплетно рамо но нема доволно информации за нашите умови да започнат да ја замислуваат раката.Нашите умови погрешно го толкуваат тоа што би значело дека на личноста и недостасува цела рака. Ние може знаеме дека личноста има целосни нозе и две раце, но нашите умови не мамат во гледање на нозете и раката и нозете на личноста како да се ампутирани.

Cropping at the knees and not showing an arm distracts our minds

Што Очекуваме Да Видиме

Нашите умови се исто така мрзливи.Кога ни се нудат многу визуелни информации, нашите умови очекуваат да ги видат сите информации.

Во фотографијата лево,ја гледаме целата десна рака на личноста и скоро се од нејзината лева рака.Поради тоа што фотографијата дава толку многу информации во врска со левата рака на личноста, нашите умови очекуваат да им бидат дадени сите информации. Наместо да ги пополнат празнините, нашите умови стануваат расеани од она што недостасува: мал дел од раката и неколку прсти.

Missing just a small bit of information

Во фотографијата на десно, гледаме добар дел од горниот и долниот дел од раката на личноста, но недостасуваат мал дел од информации за да се комплетира сликата на нејзината рака. Исто така, како и кај фотографијата на лево, на личноста и недостасуваат само врвовите на нејзините прсти.Нашите умови се оддалечени од поделбата на горниот дел на раката од долниот дел и  се фокусираат на она што недостасува:нејзиниот лакт и врвовите на нејзинит прсти.

Примена на Принципи

Кога сте следен да правите портрет, сметајте како ги гледавме и применувавме принципите на вашите одлуки за тоа каде да исечете.Вклучете доволно информации така што нашите умови ќе бидат способни да ги пополнат празнините но не премногу информации со што би ги оддалечиле нашите умови од она што недостасува. Ние сакаме нашите умови лесно да го замислат остатокот од она што би можело да биде надвор од рамката и да не бидат зафатени обидувајќи се да утврдат што недостасува во рамката.

Ако сеуште не сте сигурни за тоа каде да исечете портрет, земете фотографии со многу простор околу личноста. Потоа ќе можете да ги направите одлуките каде да се исече за време на пост-обработката.Секогаш можете да исечете малку повеќе, но не можете да додадете она што не е таму.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.