Advertisement
  1. Photo & Video
  2. Video
Photography

Како да прилагодите видео сатурација со Adobe Premiere

by
Difficulty:BeginnerLength:QuickLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Anastasija Martinovska (you can also view the original English article)

Сатурацијата го опишува интензитетот на боите во една слика или видео. Кога сатурацијата на сликата е целосно исклучена, таа се појавува како црно-бела. Спротивно на тоа, зголемувањето на сатурацијата ќе ги направи боите поприсутни и забележливи.

Adobe Premiere обезбедува прецизни алатки за прилагодување на сатурацијата. Можете дури да ја прилагодите сатурацијата за поединечни бои. Замислете бирање на зелените тонови во лисјата во слика, или зголемување на сината сатурација за да го истакнете небото.

Без разлика дали ја прилагодувате сатурацијата за креативност или корекција, јас ќе ви покажам како да го направите тоа во оваа брза видео лекција. Проверете го видеото погоре за да дознаете повеќе.

Adjust Saturation in Adobe Premiere

Погледнете го целосниот курс

Прилагодување на видео снимките не мора да биде тешко! Поправка на бојата, балансот на белата боја, тонот на кожата и друго е важен дел од процесот на пост-продукција.

Adobe Premiere ги има сите потребни алатки, но тоа не значи дека е лесно да започнете. Прескокнување на тој цеосен процес на учење е многу полесно со целосниот курс How to Color Correct Video with Adobe Premiere.

Можете да бидете дел овој курс со претплата на Envato Elements. За еднократна ниска месечна претплата, добивате пристап не само на овој курс, туку и на целата библиотека од 1.000 курсеви.

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.